Степанчиќ и донесе победа на Хрватска со гол во последната секунда

0

Хрватската ракометна репрезентација дојде до шестата победа на Европското првенство, откако денес ја совлада селекцијата на Чешка во Виена со 22:21 (11:9).

Селекторот Лино Червар одлучи да ги одмара Шего, Циндриќ, Карачиќ, Хорват, а малку ги користеше и Дувњак и Степанчиќ.

Хрватите имаа контриола над играта и резултатот во текот на првиот дел кој го добија со 11:9, а во второто полувреме дозволија неколку пати Чешка да го израмни резултатот. Така беше и во последната минута кога на семафорот резултатот беше 21:21, но Лука Степанчиќ со звукот на сирената постигна гол за победа на Хрватска од 22:21 и со тоа Хрватска сега е прва во групата 1 со 8 бодови.

Најдобри во хрватската репрезентација беа Мамиќ со пет гола и Ашанин со девет одбрани, а кај Чешка се истакна Здрахала со седум погодоци, односно Мрква со 12 одбрани.

Share.

Leave A Reply