Стерлинг неизевесен за финалето со Арсенал

0

Рахим Стерлинг најверојатно нема да игра за Манчестер Сити во финалето на Лига Купот на Англија против Арсенал во недела, изјави менаџерот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола.

„Има проблем со мускулот и не знам дали ќе се биде во состојба да истрча на теренот “, коментираше шпанскиот стручњак на прес-конференција. Тој се надева враќањето на Габриел Жесус, кој не играл од крајот на 2017 година.

„Да го имаме Габриел Жезус повторно во составот е важно за нас. Имаме потреба од сите наши фудбалери. Секогаш сакам да играм во финале од Куп, но најдовро е кога сме го добиле претходниот натпревар. Мора да бидеме мобилизирани и да се фокусираме на натпреварот”, беше категоричен Гвардиола.

Тој освои 11 победи во вкупно 12 финални натпревари со екипите на Барселона и Баерн Минхен. Манчестер Сити има четири Лига Куп трофеи во својата историја. Последните два триумфа на „Сити“ беа во 2014 и 2016 година. На крајот на минатата недела Сити отпадна од ФА Купот на Англија по поразот од Виган со 1:0 на гостински терен.

Share.

Leave A Reply