Стерлинг се извини за измислениот пенал

0

Голгетерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, се извини за чудниот пенал кој го изнуди на вчерашниот меч со екипата на Шахтјор во Лгата на шампионите. Напаѓачот сам падна земјата откако се сопна од тревата, а на изненадување на сите, судијата, Виктор Касаи покажа на белата точка.

Стерлинг вели дека се чувствува лошо за тоа што се случило и му се извини на судијата и на Шахтјор.

„Се обидов да ја шутнам топката и тогаш едноставно не знаев што се случи. Се свртев и мислев дека е има контакт со некој од нивните играчи. Јас паднав на земја. Жалам што се случи така, и јас му се извинив и на судијата и на гостите“, изјавил Стерлинг.

Share.

Leave A Reply