Стивенс го освои US Open

0

Американката Слоун Стивенс е годинешна победничка на US Open. Таа во синоќешното финале обезбеди убедлива победа од 6-3/6-0 над својата добра пријателка Медисон Кејс и успеа да го крене побеничкиот пехар.

24-годишната Стивенс на последниот Грен Слем турнир сезонава се појави како неносителка, имајќи предвид дека во Њујорк пристигна како 83. на ВТА листата. Ако се знае дека пред само еден месец се наоѓаше на 934. место на листата, ова нејзино постигнување е фантастично.

Вечерва се игра и машкото финале на US Open. Надал во битката за шампионскиот пехар ќе се сретне со Андерсон од Јужна Африка.

Share.

Leave A Reply