Стивенс се искачи на 12. место на ВТА листата

0

Новата освојувачка на US Open, Американката Слоан Стивенс, се искачи на 12. место на најновата ВТА ранг-листа. Успехот кој го направи на терените во Њујорк ја однесе 24-годишната Стивенс меѓу најуспешните светски тенисерки, во обид до крајот на сезоната да го нападне и ТОП 10 пласманот.

До пред настапот на US Open, Стивенс беше на 60 место на ранг-листата.

Нејзината противничка во финалето, Медисон Кејс исто така направи одличен прогрес од 50. на 14. место на ВТА ранкингот. На врвот и оваа недела остана Габине Мугуруза од Шпанија, пред Романката Симона Халеп и Елена Свитолина од УКраина.

Share.

Leave A Reply