Стјепановиќ беше успешно опериран

0

Ракометарот на нашиот вице-шампион, Еурофарм работник, Невен Стјепановиќ, кој игра на десната бековска позиција, претрпел успешна операција.

Битолскиот клуб на социјалните мрежи објави фотографија со која му пожела успешно опоравување. Искусниот играч доби потешка повреда на коленото на средбата против Мешков Брест одиграна во рамките на СЕХА лигата по што мораше да замине на операција на лигаментите.

Стјепановиќ сега ќе има подолг процес на рехабилитација пред да се врати во ракометните арени.

 

Share.

Leave A Reply