Ракометарот на Вардар и на нашата репрезентација, Стојанче Стоилов, веднаш по враќањето на експедицијата од Турција бил подложен на успешна операција на коленото во болницата – „Аџибадем Систина“.
Капитенот на „црвено-црните“ сега го очекува период на рехабилитација што значи дека ќе го пропушти неделниот меч со Грција во последното квалификациско коло за пласман на ЕП.
Нашиот пивотмен иако имаше проблеми со коленото се определи да го одигра дуелот со Турција со што покажа дека е голем борец