За да ја победиме Австрија треба да ја повтори играта од првите полувремиња од натпреварите против Украина и Чешка, а тоа би значело вечерва да се прослави пласман во следна фаза на Европското првенство.
Нашиот пивотмен, Стојанче Стоилов е оптимист и не се плаши од домаќините, напротив – верува дека може да се победи оваа селекција на Австрија.
„Oва е натпревар во кој ќе видиме кои сме и што сме. И против Чешка не одигравме воопшто лошо, но на вакви натпревари малите детали решаваат и ја прават разликата, а тие на таа средба пресудија во корист на противникот. Освен тоа што се домаќини, Австрија со ништо друго не ме плаши. Имаат силни шутери, добри крила, но имаме план како да играме против нив“, изјави Стоилов.
Словенечката двојка, Бојан Лах и Давид Сок, судии со големо искуство на ракометните терени и натпреварувања, ќе ја дели правдата на денешниот натпревар.