Нашиот пивотмен, Стојанче Стоилов, изјави дека Македонија одиграла рутинирано на мечот со Бахреин и дека успеала да зачува дел од силата за претстојните натпревари кои ќе го скројат врвот на табелата во групата „Б“.
„Ја оправдавме фаворитската улога. Можеби некој сакаше победа и со повеќе од десет гола разлика, но, на крајот резултатот е реален. Успеавме да сочува дел од силата за наредните средби. Иако иамвме одреден пад во играта, на крајот забележавле лесна победа“ – изјави Стоилов.
„Младите добија шанса во завршницата а тоа секако ќе им биде од голема помош во продолжението на првенството„ – изјави нашиот кружен напаѓач в пресрет на утрешниот меч од третото коло против селекцијата на Хрватска.
.