Вардар ќе игра против Монпелје во полуфиналето на Ф4 во „Ланксес Арена“ во Келн каде се игра завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Можеби Вардар ги избегна ПСЖ и Нант, но „црвено-црните“ не треба во ниеден случај да се опуштат. Капитенот Стојанче Стоилов по ждребката исто така изјави дека сите тимови рамноправно влегуваат во нитката за титулата.
„Некако пред ждребката имав чуство дека ќе ни се падне да играме против француски тим, се пошегува Стоилов. „Минатата година бевме аутсајдери, но годинава доаѓаме како европски шампиони и поинакво е чувството. Мораме да играме како шампиони, сите четири екипи се добри и не посакувавме некој тим посебно пред ждрепката за противник. Мислам дека сите имаме подеднакви шанси за титулата“, изјави Стоилов по ждрепката.
Вардар и Монпелје ќе бидат дел од првиот полуфинален пар, додека во второто полуфинале ќе играат ПСЖ и Нант, Завршниот турнир ќе се одржи на 26 и 27 мај, а термините за натпреварите ќе бидат дополнително одредени од страна на ЕХФ.