Стоилов: Заслужено победивме

0

Стојанче Стоилов кој постигна шест голови на мечот со Јапонија на стартот на ракометниот Мундијал во Германија и Данска, изјави дека е задоволен од победата и дека треба да се задржи позитивната атмосфера.

„На теренот не беше лесно, немавме премногу грешки а одбраната беше на послабо ниво. Противникот беше многу брз и подвижен и мислам дека може да им направи проблем на другите репрезентации“-вели Стоилов.

„Не очекуваат уште мечеви, сега и со Бахреин ќе ја имаме улогата на фаворит, мислам дека треба сите да добијат шанса за да ја задржиме свежината за понатамошните мечеви“ – нагласи нашиот пивот кој беше прогласен за играч на мечот.

Share.

Leave A Reply