Американскиот скијач Томи Форд, кој стартуваше како четврти на првата велеслаломска трка во Аделбоден, имаше страшен пад кон крајот од првото возење, поради што трката беше привремено прекината повеќе од 20 минути.
Форд, кој е петти во велеслалом со 200 бодови, изгуби рамнотежа, удри во врата, па со главата и заврши во заштитната ограда.
Медицинскиот тим набрзо стигна до скијачот, а подоцна со хеликоптер го пренесе во болница.