Суарез: Имаме лоша комуникација, тоа е проблем

0

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез откри дека каталонците имале потешкотии со комуникацијата на вчерашниот меч со Атлетик Билбао кој заврши без победник и без постигнат гол.

„Се уште сме на врвот на табелата. Добро е што се уште имаме добра предност и тоа дека синоќа не загубивме”, прокоментирал Уругваецот.

„Во првото полувреме имаше лоша комуникација меѓу нас на теренот и тоа е она што треба да се подобри. Лесно ја губевме топката затоа што не зборувавме меѓу себе. Треба да ја бараме топката почесто. Тоа се мали детали, но многу важни”, дополнил Суарез.

Share.

Leave A Reply