Суарез: шансите се 50-50

0

Барселона и Баерн (Минхен) на 14 август во Лисабон ќе се сретнат во најтрактивното четврт-финале во Лигата на фудбалските шампиони.  Според голгетерот на Барселона, Луис Суарез, мечот во Португалија ќе биде крајно изедначен.

„Баерн е многу силен тим кој е кандидат за трофејот… ќе видиме, шансите се 50/50 “ – изјави Суарез по вчерашната победа против Наполи.

Победникот од мечот меѓу германскиот и шпанскиот гигант ќе се сретне во полуфиналето со подобриот од дуелот Манчестер Сити – Лион.

Share.

Leave A Reply