По четири часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и минати 11 километри и 840 метри, малиот Марко Пејчиноски поради големи болки во ногата кои траеја еден час, го прекина подвигот кај Градиште.
Супер-херојот на кого му се поклони цела Македонија, причината поради која можеби за првпат сите погледи вчера беа насочени кон Охрид, денеска испрати порака и одново ни ги исполни срцата.
„Не ми е се едно што морав да се откажам, но не се предавам, ќе продолжам и понатаму да пливам. Брановите ми го отежнаа пливањето, еден час пливав во место… Им благодарам на сите за поддршката, премногу ми значи“, рече Марко.
Ова младо момче кое е инспирација за сите, се одлучи на нов херојски подвиг, се обиде да го преплива таканаречениот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид, во должина од 64 километри. Неговата цел беше да помогне да се подигне јавната свест и грижата за лицата со ретки болести кои секојдневно водат маратонска битка за живот.
фото: Ohridnews.com