„Суперкласико“ за титулата во Јужна Америка

0

Прв пат во историјата, вечерва лутите градски ривали Бока Јуниорс и Ривер Плата ќе се соочат во финалето на Копа Либертадорес. Првиот од двата големи натпревари се игра од 21.00 часот на популарната „Ла Бонбоњера“, а реваншот е една недела подоцна на Монументал.

Популарното „Суперкласико” е најголемото градско дерби во светот. Дуел носи многу тензија и нервоза како на трибините така и на теренот. Често мечевите завршувале со тепачки меѓу играчите и меѓу навивачите на трибините.

Вечерва ќе биде посебно интересно затоа што влогот е огромен, а тоа клупската титула во Јужна Америка.

Share.

Leave A Reply