Сузуки го претстави новиот Свифт

0

На 87 издание на Меѓународниот автомобилски салон во Женева, „ Suzuki“ го претстави новиот „Swift“ чија продажба во Европа ќе започне во април годинава.

Возилото е симбол во палетата на јапонскиот производител со повеќе од  5,4 милиони продадени возила во светот од неговата прва појава во 2004 година. Неговата целосна промена се фокусира на иновативниот дизајн кој претставува  емотивно и динамично присуство како и подобрување на клучните карактеристики за максимално задоволство при возењето.

Новиот „Swift“ е пократок од сегашниот што го прави уште полесен за управување.

Share.

Leave A Reply