Тадиќ не го крие разочарувањето

0

Холандскиот Ајакс кој беше најпријатното изненадување во претходната сезона во Лигата на шампионите и се пласираше во полу-финалето, сега не успеа да ја помине групната фаза.

„Копјаниците“ по вчерашниот минимален пораз на домашен терен од Валенсија со 1:0, на крајот се трети во групата што значи дека ќе продолжат во Лигата на Европа. Еден од најдобрите играчи на Ајакс, Душан Тадиќ, не може да поверува дека неговито тим  иако освои многу бодови не ја исполни првичната цел.

„Навистина не знам што да кажам, имаме десет бодови а испаднавме од Лигата на шампионите. Нашиот сон беше да го освоиме трофејот. Лига Европа не е никаква утеха. Чуден натпревар, имавме контрола а потоа примивме гол“ – изјави капитенот на Ајакс.  Во групата  „Х“, Валенсија и Челзи освоија по 11 бода и продолжија во трката за победничкиот пехар во Лигата на шампионите.

 

 

Share.

Leave A Reply