Тајрон Лу наскоро ќе биде промовиран во нов стратег на ЛА Клиперс. Човекот кој претходно како играч двапати дојде до шампионскиот прстен со ЛА Лејкерс, во 2000 и 2001 година, а има играно уште и за Вашингтон, заедно со Мајкл Џордан, Орландо, Хјустон, Атланта, Далас и Милвоки, сега ќе се обиде со Клипрес да ги постигне истите успеси.
Лу треба да потпише петгодишен договор со Клиперси, а ќе дојде на местото на претходно отпуштениот Док Риверс.