Тајсон е пред трансфер во Сампдорија

0

Фудбалерот на украински Шахтјор, Тајсон, изјави дека е незадоволен од квалитетот на украинскиот фудбалски шампионат и има намера да замине во некој посилен шампионат. Тоа значи дека во јуни, Тајсон е само уште еден од неколкуте фудбалери на Шахтјор кои отворено изјавија дека ќе си заминат од клубот.

„Да бидам искрен, нивото на украинскиот шампион не ме задоволува. Јас сум професионалец и искрено морам да ги почитувам моите должности. Откако ќе заврши сезоната, ќе ги разгледам понудите и ќе одлучам за мојата иднина“, изјавил Бразилецот.

Претходно стана познато дека клубот од Донецк е подготвен да го продаде Тајсон и тоа во италијанска Сампдорија за повеќе од 20 милиони евра. Вчера уште еден фудбалер на украинскиот гигант, Бернард, најави заминување.

Share.

Leave A Reply