Талески: „Без одбрана не може да се добие Словенија“

0

Ракометарите го дожиеваа првиот пораз на СП во Франција,а еден од најмалдите играчи на Македонија, Филип Талески го оцени овој натпревар како уште еден лошо одигран меч за нашата селекција но исто така и лош ден за нашите ракометари.

„Во одбрана игравме на многу ниско ниво, затоа мислам дека го загубивме овој натпревар вака убедливо и примивме многу лесни голови. Некако не фикциониравме во нападот, имавме многу избрзани шутеви, но пред сè потфрливме во одбраната и тука ја гледам причината за овој пораз. Преку одбрана се добива секој натпревар, но ние не го покажавме тоа денес и токму затоа Словенија заслужено не победи“, истакна Филип Талески.

На Македонија сега и останува да се надева на победа на Словенија над Тунис и секако да се насочи кон последните два натпревари со Шпанија и Исланд.

 

Share.

Leave A Reply