Талески: „Добро се познаваме со Брест, Вардар секогаш оди на победа“

0

РК Вардар отпатува за Брест каде што утре со почеток од 18:45 го игра мечот против тимот на Мешков Брест во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Пред заминувањето за Белорусија Филип Талески, истакна дека екипата е подготвена за предизвикот кој следи и дека ќе стори се како тој така и целиот тим Вардар на овој меч да забележат победа.

„Почнува новата сезона на Лигата на шампиони, играме со добро позната екипа, со која што Вардар со години се соочува во регионалната СЕХА лига. Се знаеме многу добро со нив, имаме голем број на мегусебни мечеви, годинава ги гледавме на Ф4 од СЕХА Лигата. Максимално сме подготвени, секако малку е невообичаено и чудно што играме без публика, а за разлика од тоа на мечот против Брест ќе има публика, веќе билетите се во продажба. Тоа за нив секако дека е голем плус, но ние сме Вардар и покажавме изминатите години дека за нас нема тежок терен, дали дома, дали на гости. Секогаш се дава максимум, и се покажува на секој меч што значи да се игра за Вардар. Посакувам триумф со позитива да ја отвориме сезоната и да се покажеме во најдобро светло“ – изјави Филип Талески.

Share.

Leave A Reply