Талески ќе игра на СП во Алжир

0

Стигна позитивна вест од Германија за настапот на нашиот капитен Филип Талески на СП во Алжир. Официјално – Филип Талески ќе биде дел од селекцијата на Илија Темелковски на претстојното младинско СП во Алжир.

Оваа информација денеска ја потврди ракометната федерација која конечно успеа да пронајде решение како да најде заеднички јазик со екипата на Рајн Некар Левен каде настапува Талески, а со тоа се затвори голем проблем за нашата селекција.

По завршување на минатата сезона, германскиот шампион соопшти дека нема да го ослободи Талески да настапи во Алжир, бидејќи во тој период започнуваат со подготовките за идната сезона. Сепак, по преговорите на РФМ со раководството на РНЛ, нашиот капитен ќе биде ослободен од клупските обврски и ќе му се стави на располагање на селекторот Темелковски.

СП за играчи до 21 година во Алжир се одржува од 18 до 30 јули, а нашата селекција е во групата Ц каде ќе се сретне со Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Буркина Фасо

Share.

Leave A Reply