Бекот на нашата репрезентација Филип Талески е задоволен од првата победа остварена на СП во ракомет, тој смета дека разликата меѓу Бахреин и Јапонија е голема, нашиот следен противник е многу повисок и поагресивен и затоа мора да играме многу стрпливо во нападот.
„Посакувавме ова СП да го отвориме со победа, тоа и го направивме. Преспавме по овој натпреварот, а следат уште четири натпревари. Синоќа видовме дека и Бахреин е незгоден противник како и Јапонија, се држеше до самиот крај против Шпанија. Потребно е максимално да се подготвиме и за нив. Ако имаме уште една победа, потоа се ќе биде отворено против Хрватска, Шпанија и Исланд. Имаме еден ден за подготовки и се надевам дека ќе одиграме добар меч. Бахреин е повисока селекција од Јапонија, имаат покомпактна одбрана, исто така се многу по агресивни па поради тоа мора да бидеме трпеливи во нападот и да не ги повториме грешките со избрзани шутеви со Јапонија. Нема да биде лесно, но ние сме подготвени да дадеме се од себе и да победиме“, изјави Талески.