Тамара ќе ја пее химната пред куп-финалето во Кавадарци

0

Поп-пејачката, Тамара Тодевска, ќе ја има привилегијата да го најави финалниот натпревар од ЛИМАК Купот на Република Македонија во машката конкуренција.

Популарната пејачка ќе ја изведе националната химна на Република Македонија, во пресрет на вториот финален натпревар кој е на распоредот в недела (19 февруари) со почеток во 19.00 часот.
За Тамара Тодевска ова ќе биде второ изведување на химна пред официјален натпревар по интонирањето на химната на Република Македонија пред фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Белгија пред четири години.

Натпреварите од завршниот турнир на ЛИМАК Купот стартуваат попладнево во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Share.

Leave A Reply