Тампа Беј е нов шампион во НХЛ лигата

0

Тампа Беј го победи Далас со 2:0 во Едмонтон и ја последната средба од финалето во битката за „Стенли купот“ во НХЛ лигата со тоа што го совлада Далас со 4:2 во победи.

Така, клубот го освои шампионскиот пехар по втор пат по 2004 година.

Дефанзивецот Виктор Хедман го доби трофејот за најкорисен играч во елиминациските натпревари. Заврши со 22 поени (10 гола и 12 асистенции) на 25 натпревари.

„Ова е најдобриот момент во нашите животи како хокеари. Толку многу емоции. Ќе бидат потребни месеци за да помине оваа еуфорија, но ние ќе бидеме шампиони засекогаш, нашите имиња ќе бидат напишани засекогаш на овој трофеј … За тоа сонувавме цел живот“, рече Хедман.

Голманот Андреј Василевски забележа 22 одбрани и го освои трофејот за најдобар голман во плејофот. Тој беше стартер на сите 25 елиминациски натпревари на Тампа Беј и забележа 18 победи.

Share.

Leave A Reply