Танабе: болидите ќе добијат нови мотори

0

Техничкиот директор на Хонда, Тојохару Танабе, потврди дека болидите на Ред Бул и Торо Росо во Формула 1 за претстојната трка за Големата награда на Азербејџан ќе добијат нови мотори.

„Четвртата трка од сезоната претстојниот викенд ќе се одржи на најбрзата улична рута во календарот. Клучните карактеристики на трасата во Баку се многу долги сегменти, повеќе од два километри и многу се врти во 90 степени. За да се постигне ефикасна работа на сите системи на машината ќе го користиме искуството од минатата година“ – изјави Танабе.

„Сега ќе ја ставиме во погон втората верзија на моторот со внатрешно согорување на сите четири автомобили во двата тима. Таа дава подобра сигурност и мало зголемување на моќноста“ – нагласи техничкиот директор на Хонда.

 

Share.

Leave A Reply