Стеф Кари постигна 29 поени во победата на Голден Стејт над Феникс со 123:103, со што заедно со својот татко Дел двајцата се искачија на второ место на листата на стрелци од тандем татко и син.
Тие стигнаа пред Долф и Дани Шејс откако веќе имаат 27 226 поени и заостануваат само зад Џо и Коби Брајант, кои се со 38 895 поени на врвот, па дефинитивно ѕвездата на шампионите ќе треба да се потруди уште.
„Ова е нешто навистина посебно. Познавајќи ја кариерата на татко ми која траеше 16 сезони и фактот што тој ми ја предаде штафетата, не можам да не бидам среќен. Се надевам дека со моите игри во наредниот период ќе имаме шанса да го стигнеме Коби и неговиот татко”, изјави Стеф Кари.
Тој постигна 6 тројки за третиот успех од почетокот на сезоната на Голден Стејт и исто така изрази воодешевување за големата ефикасност на натпреварите.
„Секој постигнува многу поени. Еве видете Лејкерс и Сан Антони Спарс постигнаа по над 140. Не знам дали тоа се должи на судењето или на тоа дека екипите играат побрзо во напад, но мислам дека тоа е нешто убаво за играчите кои се поставени да мислат напаѓаат “додаде Кари.