Јос Верстапен се обиде да објасни што биде пресудно за неговиот син Макс да потпише нов договор со екипата на Ред Бул во Формула 1.
„Најзначајно е Макс да добие брз автомобил. Наредната година тој дефинитивно ќе вози за Ред Бул, но, за сезоната во 2021 година сите карти се отворени. Се зависи од тоа дали Макс ќе има доволно конкурентен болид за да се бори за највисок пласман во шампионатот“ – потенцираше Јос.
Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена на 20 септември за Големата награда на Сингапур. На табелата кај возачите, води Луис Хамилтон со 284 бодови пред Валтери Ботас со 221 додека Макс Верстапен го има третото место 185 бодови.