Тебас објaсни зошто нема „соколово око“ на стадионите

0

Претседателот на шпанската фудбалска Ла Лига, Хавиер Тебас, по скандалозниот натпревар од 20-тото коло меѓу Бетис и Барселона (1:1) кога на гостите им беше поништен регуларен гол, објасни, зошто во шампионатот нема технологија на гол-линијата.

„Систем за детекција на гол во Ла Лига? Тоа чини премногу скапо “, рече Тебас.

Каталонците на мечот со Бетис беа сериозно оштетени откако во 77-тата минута при удар на Андре Гомес кон голот на домаќините топка со целиот обем ја помина гол линијата, но, тоа не го видоа судиите.

Share.

Leave A Reply