Тејвис го има најскапиот договор во НХЛ, Крозби падна на второ место

0

Сидни Крозби го загуби првото место на листата на најплатени играчи во НХЛ лигата на САД и Канада откако Донател Тејвис потпиша 8. годишен договор со Чикаго за кој ќе добие 16. Милиони долари, по сезона објави магазинот „Форбс“.

Крозби кој има тековен договор со Питсбург до крајот на сезоната 2024/2025, ќе останува лидер на листата од маркетинг приходи бидејќи има активни договори со компаниите: Адидас,ЦЦM, Гатораде,Тим Хортон, Верзион,Упер Дек и „Frameworth“.

Во меѓувреме, „Форбс“ ја објави и листата на најдобрите фанови во НХЛ лигата откако е пресметан телевизискиот рејтингот, присуството во салата, продажбата на билетите, купувањето на навивачки реквизити и активностите преку социјалните мрежи. На неа лидери се приврзаниците на Чикаго пред фановите на Монтреал и на Питсбург.

Share.

Leave A Reply