Темелковски ново засилување за Академија ФМП

0

Академија ФМП го потврди новиот договор со Славчо Темелковски. На официјалниот веб-сајт, Темелковски е потврден како ново засилување за прволигашот со договор во времетраење од 2 години со можност истиот да биде продолжен на уште една.

19-годишниот играч кој има настапувано за екипите на Работнички и Вардар и воедно ја има претставувано Македонија на повеќе европски првенства во генерациите У16, У18 и У20 ќе биде одлично засилување на центарската позиција.

Share.

Leave A Reply