Тен Хаг: Ова е срамно

0

Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, беше исклучително разочаран откако неговиот тим загуби од Реал Мадрид во првиот натпревар од 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Домашниот прв гол постигнат во 38-тата минута беше поништен поради наводен офсајд, откако главниот судија Дамир Скомина ја прегледуваше ВАР снимката и реши да досуди офсајд. Но ВАР не ги убеди Холанѓаните дека Скомина бил во право.

„Тоа е срамно. Судиите ни дадоа различни објаснувања, едно дека голманот бил попречен, друго дека било офсајд.Ја видов снимката и не мислам дека имаше нешто спорно“, изјавил Тен Хаг.

Тој дека овој поништен гол имаше сериозно влијание на текот на мечот.

„Видов одличен Ајакс, кој му правеше постојан притисок на еден од најсилните тимови во светот. Покажавме класа против голем ривал“, дополни тренерот на амстердамци.

Share.

Leave A Reply