Тенисерите ги имаат сите удобности во Англија

0

Тенисерите на „Вимблдон“ добиваат максимално внимание од страна на организаторот. 165 лимузини ги возат натпреварувачите до комплексот „Ол Ингланд клуб“ а на самата локација има безброј фризерски салони, туристичка агенција и дури канцеларија за резервирање на билети за театар. Во истовреме 19 лица се задолжени за оддржување на 3.000 ракети за тенисерите. Енди Филипс, кој е одговорен за процесот, раскажува дека секој играч е различен во барањата и однесувањето.

„Некои по победата сакаат рекетот да биде вратен кај истиот човек што се грижел за него. Понекогаш сме толку зафатени што не гледаме дека некој чека многу време без да каже ништо. И кога ќе погледнеме кој е, се чудиме дека станува збор за Рафаел Надал! .

Пред почетокот на финалето, секој играч е придружуван од стјуардите а патот до теренот го води покрај ѕидот на славните со имињата на секој шампион од 1877 година наваму.

Share.

Leave A Reply