Македонската Дејвис Куп репрезентација денес отпатува за Пловдив, Бугарија, каде ќе настапува на Дејвис Куп натпреварите од Третата Европска Група.
Од оваа година, овие натпревари се играат на две локации (Црна Гора и Бугарија) каде вкупно учествуваат 16 репрезентации.
Според извлекувањето во Бугарија ќе настапуваат репрезентациите на Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Исланд, Монако, Сан Марино и Македонија.
Оваа година Македонија ќе ја претставуваат:
1. Горазд Србљак- Тенниспарк Скопје- Скопје
2. Димитар Грабул- Тениски клуб Југ-Скопје
3. Стефан Мицов- Тенниспарк Скопје- Скопје
4. Ѓорѓи Јанкуловски- Тениски клуб Југ-Скопје
Чедомир Јовановски – Селектор и Капитен, додека Владимир Томиќ е помошник тренер.
Според распоредот на Интернационалната Тениска Федерација (ИТФ), за утре (вторник) е предвиден состанок на капитените кога ќе се извлекуваат репрезентациите по групи.
Со натпревари се започнува од среда и до петок се играат трите натпревари по групи, а во сабота се игра финалниот натпревар за пласман во 2 Евро Африканска Зона и натпреварите за разигрување за пласман.
Победникот од натпреварите од Пловдив и победникот од натпреварите од Улцињ ќе се пласираат во група погоре.
Нашата Дејвис Куп репрезентација своите подготовки ги реализираше од 26 март до вчера на терените на Тенискиот клуб Југ во Скопје.