Нашите најдобри тенисерки ја забележаа првата победа во Третата Евро-Африканска зона од Фед Купот. Тие денеска беа подобри од селекцијата на Исланд со 2-0.
Во првиот меч Марија Еленовао лесно во само два сета со 6-2 и 6-1 ја победи Софија Јонасдотир. Во вториот синг дуел нашата Катарина Маринковиќ беше подобра од Ана Гронхолм исто така во два сета со 6-4 и 6-2. Македонија која по двете кола има една победа со Исланд и еден пораз од Ерменија, во текот на утрешниот ден ќе излезе на мегдна со главниот фаворит во групата селекцијата на Литванија.
Литванките кои досега ги победија Исланд и Ерменија убедливо со 3-0, во моментов фигурираат на 65 место на Фед-листата.