Тенисерките нема да патуваат во Хонк Конг

0

Втора година по ред ќе биде одложено Отвореното тениско првенство на Хонг Конг кое традиционално се реализира во месец октомври.  Ако во 2019 година организаторите го откажаа собирот поради протестите, сега, причина за откажувањето на женскиот турнир е пандемијата со корона-вирусот.

„Со оглед на загриженоста за јавното здравје за време на пандемијата КОВИД-19, решивме да го одложиме тенискиот собир во  Хонг Конг“ – потенцираа  организаторите.

„Наш приоритет е здравјето на играчите, гледачите, гостите, партнерите на турнирот, вработените, волонтерите и целото општество“ – стои меѓу другото во објавата.

Share.

Leave A Reply