Тенисерките завршија како 5-ти на турнирот во Тунис

0

Македонската женска тениска репрезентација го освои петото место на турнирот од Третата Евро Африканска зона откако ја совлада секецијата на Алжир со 2-1.

Во првиот сингл меч, Јана Таневска загуби од Јасмин Буџаџи со 2 спрема 1 по сетови 6-3, 1-6 и 6-2 додека Ана Ристевска со службен резултат го доби вториот дуел против Ана Амира Бенаиса.

Мечот во двојки меѓу нашите Таневска и Ристовска и Биџаџи и Бенаиса исто така заврши со службена победа на  Македонија.

Share.

Leave A Reply