Тенискиот ас се вклучи во борбата со корона-вирусот

0

Роџер Федерер објави на „Инстаграм“ дека донирал еден милион франци за да им помогне на најсиромашните семејства во неговата Швајцарија додека трае борбата со корона-вирусот.

„Мирка и јас решивме да донираме еден милион франци за најзагрозените семејства во Швајцарија. Нашиот придонес е само почеток“ – порача еден од најдобрите и најтрофејните тенисери на денешницата.

„Никој не смее да остане сам, се надевам дека другите ќе се придружат во помошта кон семејствата на кои им е најпотребна. Заедно ќе ја надминеме кризата! – напиша Федерер.

 

Share.

Leave A Reply