Тери на позајмица во Бурнемаут?

0

Капитенот на Челзи, Џон Тери, изненадувачки може да направи трансфер во екипата на Бурнемаут. Според последните информации, премиерлигашот упатил барање до Челзи за можност да го ангажира искусниот дефанзивец на позајмица до крајот на сезоната.

36-годишниот фудбалер има само пет настапи оваа сезона во тимот под водство на Антонио Конте. Тој неспорно нема иднина во овој Челзи, па доколку сака да ја продолжи кариерата добро би било да се обиде во некој друг тим.

Тренерот на Бурнемаут, Еди Хау, смета дека Тери би бил идеална шанса да го пренесе своето искуство во неговиот тим. Исто така тој треба да ја пополни и дупката која ја остави заминувањето на младиот Аке, кој ја прекина позајмицата и се врати во Челзи.

Share.

Leave A Reply