Тервел очекува победа на неговиот брат во мечот со Џошуа

0

Помалиот од браќата Пулеви – Тервел, пред мечот на неговиот брат Кубрат против Ентони Џошуа за светските титули во тешка категорија, изјави дека очекува неизвесен дуел.

„Кубрат има подобра работа со нозете и повеќе искуство … Тој е многу стабилен психички”, искоментира Тервел, кој верува дека на 28 октомври неговиот брат може да се искачи на самиот врв во светскиот боксот.

„Кога бевме мали нашиот татко им велеше на сите луѓе дека ние ќе бидеме шампиони. Тој беше многу упорен и еве навистина тоа може да се случи“ – потенцираше Тервел.

Share.

Leave A Reply