Терзиќ: „Тактиката ни успеа, жалиме за резултатот“

0

Привремениот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ откри дел од тактичкиот план на неговиот тим, со кој му се спротивстави на Манчестер Сити.

Германскиот тим загуби со 1:2 во првото четвртфинале од Лигата на шампионите, но покажа дека е во состојба да им се спротивстави на „граѓаните“.

„Знаевме дека Манчестер Сити ќе ја контролира топката повеќе од нас, но сакавме сами да наметнеме во кои делови од теренот ќе се случи тоа. Функциониравме добро, ги минимизиравме чистите шанси пред нашиот гол. Нашите напади беа поопасни од оние на домаќините. Генерално, натпреварот беше изедначен и затоа сме разочарани од резултатот“, изјави Терзиќ по натпреварот.

Борусија сега ја чека реваншот во Дортмунд каде ќе треба да забележат победа по можност без примен гол или со два разлика за да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Share.

Leave A Reply