Тешка група за нашите кошаркарки

0

Нашите најдобри кошаркарки во квалификациите за Европското првенство во 2019 година што ќе биде реализирано во Летонија и во Србија, ќе играат во групата  Х заедно со селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска.

Победниците од  осумте групи како и шесте земји кој ќе имаат најдобар ефект како второпласирани ќе обезбедат пласман на Евробаскетот во 2019 година. 32 земји во осум групи ќе бидат вклучени во системот на квалификации кој ќе се реализира во три термини по два меча.

Секој ќе игра со секого во групата  по принципот дома-гости. Пласман на Континенталниот собир имаат обезбедено само домаќините – Летонија и Србија.

Share.

Leave A Reply