Тешка победа над Турција за потврда на патот на ЕП 2020

0

Машката ракометна репрезентација на Македонија многу потешко од очекувањата славеше на гостувањето во Ескишехир против Турција со 25:26 (13:11) и успеа и официјално да гоз авери пласманот на ЕП 2020.

Откако во првиот дел успеавме да направиме разлика од 4 гола, дозволивме Турција комплетно да ни се врати во игра, па дури на крајот на првиот дел да замине со предност од два гола.

И на стартот на вториот дел Турците играа цврсто, ние правевме многу технички грешки, а разликата се движеше меѓу 2 и 3 гола во полза на домашните. Конечно во последните 10 минути успеавме да влезме во егал завршница, па и да поведеме со еден гол разлика. Накрајот во последниот напад за израмнување Митревски успеа да одбрани и да ја спаси честа на Македонија за да не ни се повтори оној пораз од гостувањето во Грција.

Share.

Leave A Reply