Напаѓачот на Арсенал Дани Велбек беше однесен во болница по страшната повреда за време на натпреварот со Спортинг Лисабон (0:0) од Лига Европа.
Велбек го повреди многу лошо зглобот во текот на првото полувреме, откако скокна за да игра со глава, но имаше лош доскок. Мораше лекарска екипа веднаш да влезе на терен и да му даде кислород на играчот и да го изнесе на носилка, а сето тоа беше испратено со аплаузи од навивачите на „Емирати”.
„Станува збор за кршење на зглобот. Повредата е сериозна. Оваа ситуација влијаеше психички на фудбалерите, бидејќи тие ја видоа оваа ужасна повреда. По крајот на натпреварот, никој не зборуваше за резултатот, сите прашуваа како е Дани”, коментираше менаџерот на Арсенал Унаи Емери .