Тием : го имам најтешкиот противник во Мелбурн

0

Тенисерот од Австрија, Диминик Тием, верува дека во третото големо финале на еден Грен Слем турнир, конечно ќе се израдува на победничкиот пехар. Тој в недела од 9.30 часот на „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн, ќе излезе на мегдан со Новак Ѓоковиќ.

„Ќе пробам да одиграм крајно прецизно и да победам. Ноле има седум титули во Мелбурн и затоа е најтешкиот можен противник  на Австралија Опен“ – рече Тием.

Австриецот и Ѓоковиќ досега одиграле 10 мечеви  од кои седум му припаднале на тенисерот од Србија. Сепак не треба да се заборави дека Тием успеа да го победи Ѓоковиќ во последните два меча и тоа на Ролан Гарос и на Мастерсот во Лондон.

 

Share.

Leave A Reply