Тиери Анри може биде изненадувачки нов менаџер на Монако, пренесуваат медиумите од Франција.
Поранешниот фудбалер на Арсенал е фаворит да застане на чело на клубот, откако судбината на актуелниот тренер Леонардо Жардим е неизвесна и тој речиси сигурно ќе биде отпуштен наскоро, откако тимот се наоѓа во катастрофална форма.
Под раководство на Жардим оваа екипа ја освои својата прва титула во Лига 1 по 17 години, а тоа се случи пред две години и тој постигна одлични работи со тимот од кнежеството, но оваа сезона започна многу слабо за неговиот тим кој e во зоната за испаѓање по 9 одиграни кола во Лига 1.
Тиери Анри во моментов е асистент на Роберто Мартинез во белгискиот национален тим, а освен тоа тој е историска фигура во Монако, тој потекнува токму од овој клуб и играше во него во првите години од својата кариера.
Пред извесно време, Анри сакаше да го преземе Бордо, но двете страни на крајот не успеаја да се договорат.