Легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри го презеде канадскиот Монтреал Импакт, официјално објавија од клубот кој се натпреварува во МЛС лигата. Францускиот тренер ќе има договор за 2+1 година.
Ова е втор клуб во тренерската кариера на Тиери Анри. Од 2016 до 2018 година беше асистент во репрезентацијата на Белгија, по што минатата сезона го презеде Монако, каде престојуваше помалку од четири месеци. Поранешниот голгетер има искуство во МЛС лигата, каде веќе четири години играше за екипата на Њујорк Ред Булс.
Во изминатата сезона, Монтреал Импакт остана на 9-то место од 12-те екипи на Источна конференција и не успеа да се квалификува за плеј-офот во лигата.