Тифозите на Рома му се лути на претседателот Палота

0

Навивачите на фудбалскиот состав Рома побараа од претседателот, Џејмс Палота, да го напушти тимот. Вчера десетици транспаренти со натпис: Палота надвор, се појавија низ улиците во Рим.

Во изминатите денови навивачите на „римската волчица“ континуирано покажуваа дека не се задоволни со моменталната ситуација во тимот и дека се незадоволни од одлуката на Палота да се раздели со Раџа Наинголан, Мохамед Салах, Алисон Бекер и Кевин Строотман. Римјаните денеска ги очекува меч против Џенова во Серија „А“. Доколку не успеат да победат, се очекува тренерот, Еузебио Ди Франческо, да добие отказ.

Рома успеа да влезе во 1/8-финалето на Лигата на шампионите, но, во домашното првенство не ги пружа очекуваните партии и во моментов го има 8-то место на табелата со само 21 бод.

Share.

Leave A Reply