Тим и Зверев во машкото финале на УС Опен

0

Доминик Тим и Александер Зверев ќе играта во големото машко финале на УС Опен. Тим за првпат во кариерата ќе игра финале на овој Грен Слем турир, откако во полуфинале го совлада Данил Медведев со 6-2, 7-6 и 7-6.

Австриецот по четвртипат во кариерата ќе се бори за една од најголемите титули во тенисот, претходно загуби во финале на Австралијан опен (2020) и двапати загуби во финалињата на Ролан Гарос (2018, 2019).

Претходно, Германецот Зверев во првото полуфинале го совлада Карењо-Буста во маратонски меч кој траеше пет сета со 3:2.

Share.

Leave A Reply